„Цената“ на Илон Маск за еден ден порасна за 32 милијарди долари


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вредноста на богатството на американскиот технолошки претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла. Податоците се од рангирањето на милијардерите според списанието Форбс.

На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога првпат во историјата неговото богатство надмина 300 милијарди долари.

Маск беше најбогат човек на планетата и пред подемот на Тесла. Сега, сепак, неговото богатство ја зголеми разликата со она на неговиот најблизок рÐ �вал во бизнисот, извршниот директор на француската групација на компании ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернар Арно, чие богатство изнесува 200,6 милијарди долари.

Акциите на Тесла поскапеа вчера, на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза оваа година, за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година.

Компанијата на Маск испорача 936.172 електрични возила на клиенти, што е зголемување од 87 проценти во споредба со 2020 година.