Сончев јануарски вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Четвртиот ден од 2022 година во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 11 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид 11, Битола и Крива Паланка 12, Берово 10, Кавадарци 13, Дојран 17.

И утре времето ќе биде ончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 17 степени.