Тројно убиство во Сплит: Со калашников егзекутирал тројца дилери – на социјалните мрежи го опсипаа со поддршка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во вчерашното тројно убиство кое се случи во Сплит, 25-годишниот Филип Завадлав со калашников ги изрешетал тројцата дилери на дрога, Јурица Торлак, Марин Бобан и Марин Паиќ „Пајсер“, кои наводно го малтретирале поради долг на неговиот брат кон нив, пренесуваат хрватските медиуми. Убиецот имал на списокот за отстрел уште еден дилер, но него не го нашол дома.

Убиствата се случиле вчера, недела, околу 15.35 часот во самиот центар на Сплит, кога Завадлав. застрелал двајца од дилерите кои биле на мотори, а потоа облечен во црно и со „калашников“ ладнокрвно си заминал кон улица во близина каде го застрелал и третиот, кој починал во болница. Додека си заминувал бил снимен со мобилен од минувачите.

Според познаниците на Филип, тој во април лани се вратил од работа на брод каде поминал 14 месеци. Живеел уреден живот, бил спортист со освоени многу медали во таеквондо. Кога се вратил од бродот, тројцата убиени му доаѓале дома за да му се заканат на наводните долгови на неговиот брат. Во септември му се заканиле и со нож, па затоа по злосторството седнал со својот брат во едно кафуле, како ништо да не се случило и мирно се предал на полицијата.

На YouTube беше споделена и снимка од моментот кога Филип, со калашников во раката, после убиствата, рамнодушно си заминува по сплитските улици, без да брза и да бега.

Два часа и 45 минути по тројното убиство, припадниците на полиција упаднале во кафулето „Борсалино“ во Сплит.

Во кафулето во тој момент, според изјавите на сведоците се наоѓале Филип Завадлав заедно со неговиот татко и брат, каде мирно си пиеле кафе.

Само неколку минути подоцна, полицајците од кафулето го извеле и братот на Филип, во случај да има информации кои би биле корисни во расветлување на ова тешко злосторство.

Откако Филип беше приведен, на социјалните мрежи почнаа да се шират мноштво пораки со поддршка за него. Според она кое го пишуваат граѓаните на Сплит, Филип за своите сограѓани е „херој“.

Филип Завадла

Меѓу коментарите кои ги пишуваат сплиќани на социјалните мрежи се наведува дека Филип „ги заштитувал братот и семејството“, дека „го тргнал шлајмот од улица“ и се порачува дека „нема држава“, „законите не функционираат“, а дека 25-годишниот Завадлав „покажал како се брани своето семејство“. На Фејсбук дури беше формирана и група за поддршка на Филип, која беше избришана од страна на социјалната платформа после нејзино пријавување.

На коментарите со поддршка се приклучи и пратеникот Иван Пернар, велејќи дека го следел случајот и дека според полициските информации, сите тројца убиени имале по десетици кривични пријави, што упатува на тоа дека тие се занимавале со криминал.

„Меѓутоа, посебно интригантен детал ми беше оној дека осомничениот убиец никогаш не ги пријавил заканите во полиција. Токму поради таа причина сакам со вас да споделам искуство со закани со насилство кое го доживеав и пријавив во полиција. До денешен ден, и покрај давањето искази, детален опис на осомниченото лице, присуство на сведоци и снимки од видео камери, полицијата ниту го привела, ниту го извела пред суд тоа лице. Што во превод значи дека законот не важи ни за мене, како пратеник, и дека, всушност, пријавувањето на закани станува бесмислено, бидејќи полицијата не си ја работи својата работа“, објаснува Пернар.

Тој додава дека во целост ги разбира граѓаните кои не ги пријавуваат во полиција таквите закани со насилство.

„Ако не важи за мене, целосно ми е разбирливо зошто осомничениот троен убиец не ги пријавил во полиција лицата кои му се заканувале, па дури и да ги пријавел, сигурен сум дека пак ќе останеле на слобода, како што останале и после сите тие кривични пријави. Поради таа причина сметам дека, доколку трите наведени лица навистина му се заканувале со насилство и го малтретирале, неговиот чин е оправда. Ќе му однесам колачи во затвор“, додаде Пернар.