Трикови како да ја уредите собата, а притоа да имате и добар сон

добар сон

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се повеќе гледаме фотографии на Инстаграм од прекрасно уредени соби, и се надеваме дека и нашата еден ден така ќе изгледа. Совршено бели ѕидови, прекрасни завеси, украси и лампи кои одлично изгледаат.

Тоа се работи кои ќе направат да изгледа добро собата, но важно е тие да се на свое место и покрај тоа добро да се наспиеме. Покрај добриот душек и перница, постојат и некои други работи кои влијаат врз добриот сон.

Сина боја на ѕидовите

A post shared by Lamallinelle (@lamallinelle) on

Можеби не изгледа важно, но бојата на ѕидовите игра важна улога. Одберете ја бојата која опушта, а најдобро тоа го прави сината боја. Едно истражување потврди дека оние кои спиеле во сино обоена соба имале и најдобар сон. Покрај плавата добро поминуваат и зелена и жолта.

Добри завеси

Го знаете чувството кога ќе ве разбудат првите сончеви зраци? Тоа понекогаш не е лошо, но доколку сакате да спиете најдобро е да одберете темни или завеси кои не пропуштаат светлост.

Оквир позади креветот

A post shared by Miss AZ (@adiza_z) on

Така ќе се чувствуваш сигурно, а покрај тоа и Фенг шуи препорачува кревети со оквир. Покрај тоа, под креветот секогаш би требало да има празен простор, за енергијата да може слободно да струи.

Внимавајте на лампите

Светлото не би требало да биде премногу јако во собата. Најдобро е да набавите светло со подесување или ѕидна лампа. Доколку имате јако светло во спалната соба, може да немате мирен сон.

Додадете билки

A post shared by Lebenslustiger (@lebenslustiger) on

Растенијата ќе дадат одредена доза на смиреност во собата, а со тоа ќе имате подобар сон. Покрај тоа што ќе имате добар сон, исто така и изгледот на собата ќе биде подобар.

Разбудете се нежно

Заборавете на агресивни аларми. Разбудете се на паметен начин. Постојат аларми, па дури и оние на телефонот да се подесат на постепено зголемување на звукот. Со тоа нема да имате нагло разбудување и ќе уживате во денот пред вас.