Трејлер за „Don’t Look Up“ – новиот филмски хит во најава со Ди Каприо, Лоренс и Хил

На интернет беше објавено ново најавно видео за филмот Don’t Look Up со Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Џона Хил во главните улоги. Филмот ќе биде достапен на Нетфликс од 24 декември.

Заплетот на филмот ги следи астрономите Кејт Дибијаски и д-р Рандал Минди кои се обидуваат да го предупредат светот на опасноста. Имено, кон Земјата се приближува метеор кој треба да удри во нејзината површина, а Дибијаски и Минди се обидуваат да го предупредат населението.

Во филмот играат и Роб Морган, Марк Рајланс, Тајлер Пери, Тимоти Шаламе, Рон Перлман, Аријана Гранде, Скот Мескуди, Химеш Пател, Мелани Лински, Мајкл Чиклис, Томер Сисли, Кејт Бланшет и Мерил Стрип.