Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Иран наскоро воведува закон според кој ќе казнува за чување миленичиња и шетање кучиња, објавиле локалните медиуми.
Конзервативците во парламентот подготвија нов закон со кој шетањето на кучиња ќе се санкционира со високи казни, а ќе се одземат на три месеци автомобилите, во кои што ќе се возат домашните миленици.
Покрај тоа, станоиздавачите нема да можат да им изнајмуваат куќа или стан на сопственици на домашни миленици.
Според исламот, чувањето миленичиња во куќата се смета за нечисто, но иранските свештеници отидоа чекор понатаму верувајќи, на пример, дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.
Полицијата неколку пати се обидела да ја воведе забраната, но тоа не се реализирало, па сега првпат се воведува закон.
Но, познавачите на ситуацијата во Иран очекуваат сопствениците на домашни миленици да го игнорираат законот, исто како и претходните забрани.