Home Спорт Трансфер на кариерата: Најдобрата Македонка потпиша за ПСЖ!

Трансфер на кариерата: Најдобрата Македонка потпиша за ПСЖ!

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова направи трансфер на кариерата и потпиша за францускииот гигант, Пари Сент Жермен.

Наташа Андонова од Шведска, односно од Розенгард, се сели во редовите на ПСЖ, екипа која има големи амбиции во Лигата на шампионите.

Инаку, Андонова во вториот дел од сезоната нема да може да игра во Лигата на шампионите за ПСЖ, бидејќи веќе настапуваше за Розенгард.

Андонова кариерата ја започна во Тиквеш од Кавадарци, а има настапувано и за германскиот тим Турбине.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…