Home Актуелно Трагедија во Нигерија: 30 фудбалски љубители жртви во самоубиствени бомбашки напади

Трагедија во Нигерија: 30 фудбалски љубители жртви во самоубиствени бомбашки напади

Најмалку 30 загинати лица, фудбалски навивачи, е црниот биланс од самоубиствениот напад во нигериското село Кондуга, лоцирано во областа Борно, на североистокот од Нигерија. Нападот се случил додека во селската сала следеле телевизиски пренос од натпревар, пренесе Би-би-си.

Во тројниот самоубиствен напад, бомбаши-самоубијци активирале експлозив пред селската сала. Во нападот покрај десетиците мртви, повредени се и четириесетина, пренесува Макфакс.

Експлозивот бил активиран при обид за влез во салата, а по првата експлозија бомби биле активиран и од страна на другите двајца бомбаши.

За нападот властите ја обвинија милитантната исламска група Боко Харам која е основана во областа Борно.

Во судирите во Нигерија, досега животот го загубија нешто помалку од 30.000 луѓе, а околу два милиона луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во период од десет години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…