Home Спорт Торино ја „заклучи“ својата ѕвезда: Договор до 2021 и клаузула од 100 милиони!

Торино ја „заклучи“ својата ѕвезда: Договор до 2021 и клаузула од 100 милиони!

Напаѓачот на Торино Андреа Белоти е најголемото откритие оваа сезона во Серија А, па многу големи клубови ширум Европа сакаат да го имаат во своите редови.

Поради тоа Торино експресно реагираше и го „заклучи“ напаѓачот со нов договор до 2021 година, и откупна клаузула од 100 милиони евра.

Белоти игра во голема форма од почетокот на сезоната, има постигнато 11 голови, а се избори и за место во италијанската репрезентација.

Кариерата овој напаѓач кој наскоро ќе наполни 23 години ја започнал во Албинолефе, а во 2015 година од Палермо се преселил во Торино.

Клузулата од 100 милиони евра важи само за клубовите надвор од Италија, а најсериозен интерес за него на Апенините покажуваат Милан и Наполи.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…