Топка снег во Грција се продава за половина евро


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во центарот на грчкиот град Ксанти, лоциран на северот на Грција, фотографиран е мал камион полн со снег. Она што беше интересно и невообичаено е картонот ставен на врвот од снегот на кој пишуваше „Една топка 0,50 евра“.

​Фотографијата ја објавија неколку медиуми во Грција со оценка дека во Ксанти, каде тогаш немало снег, овој чин го претставувал „ бизнис духот но, на грчки начин“.

Една регионална телевизија од северот на Грција дури излегла со коментар дека оваа идеја сега „ќе ја прифатат и други и поради конкуренцијата цената на топка снег ќе падне на 0,10 евра“.