Том Круз ги врати трите освоени Златни глобуси – нов скандал го тресе Холивуд

Холивудската актерска ѕвезда Том Круз е уштте едно славно име кое реагира на полемиката околу доделувањето на наградите Златен глобус, односно организацијата ХФПА што стои зад оваа манифестација.

Том во знак на протест ги врати трите освоени Златни глобуси, пишува Гардијан.

На ова му претходеше напис во Лос Анџелес Тајмс кој што објавил инсајдерски извештај за Hollywood Foreign Press Association (HPFA). Тие напишале дека во таа организација има 86 новинари кои претходните години често биле споменувани во негативен контекст. Истакнале дека во ХФПА нема ниту еден црн новинар, а членовите на организацијата, според Лос Анџелес Тајмс, биле обвинети за примање мито во замена за номинации или награди.

Ен-Би-Си го откажал договорениот пренос на Златните глобуси за 2022 година, за чии права се плаќаат 60 милиони долари годишно, а сега реагира и Том Круз. Тој врати две награди за најдобар машки актер, кои ги добил за улоги во филмовите „Роден на 4 јули“ и „Џери Мегваер“ и наградата за најдобра споредна улога во филмот „Магнолија“.

Незадоволство покажа и актерката Скарлет Јохансон, која во кариерата имала четири номинации за Златен глобус.

„Актерка што го промовира филмот се очекува да учествува во сезоната на награди со присуство на конференции и на самата церемонија на доделување на наградите. Во минатото, ова често значеше дека сте биле изложени на сексистички прашања и забелешки од одредени членови на ХФПА, кои се прошириле и на сексуално вознемирување. Затоа, долги години одбивав да присуствувам на нивните конференции “, рече Скарлет, пренесува Гардијан.