Среда кон четврток вечерта нема полициски час, од четврток истиот ќе почнува од полноќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со најновата одлука на Владата, на предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, од 13 мај полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 4 часот.

Владата на Фејсбук објави дека оваа одлука стапува на сила од 12 мај, но претходно беше најавено дека за верскиот празник Рамазан Бајрам на 12 спрема 13 мај, исто како за Велигден од 1 за 2 мај, нема да има полициски час.

Угостителските објекти ќе може да работат до 23:30 часот.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре, 12 мај.

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“.

На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во Ковид-центрите.