Толкување на алкохолите: Вино, пиво или жестоко – не е сеедно!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога сакаат да се опуштат или забавуваат, луѓето најчесто знаат да посегнат по некој алкохолен пијалок. Но, факт е дека секоја пијачка не делува и влијае исто на организмот и расположението.

Пиењето црно вино ги прави луѓето опуштени и љубезни, додека водка или виски поттикнуваат енергија и агресија, вели студијата која се занимава со „толкувањето“ на алкохолните пијалоци и нивното влијание. Истражувањето вклучи 30.000 испитаници кои открија дека имаат значително различни емоционални реакции на различни алкохолни пијалоци.

Истражувањето, кое го направија експерти од Универзитетот Бангор и Кралскиот колеџ од Лондон, покажа дека црното вино прави луѓето да се чувствуваат секси и опуштено, но и уморно и тажно. Пиењето жестоки пијачки се поврзува со чувството на агресија и менир, но и со енергија и самодоверба. Пивото е најдобро за опуштање и самодоверба. Белото вино има сличен ефект како црното, иако во нешто помала мерка.

„Разбирањето на емоциите поврзани со консумирањето алкохол е императив во решавањето на проблемите со злоупотреба и зависност од алкохолот, имајќи увид во она што чувствуваат луѓето кога пијат одреден вид на алкохолен пијалок“, велат авторите на истражувањето.

Професорот Марк Белис од Бангор, кој исто така е директор за политика, истражувања и меѓународен развој на јавното здравство во Велс, вели: „Со векови историјата на румот, џинот, водката и другите жестоки пијалоци се поврзуваше со насилство. Оваа глобална студија сугерира дека и денес консумирањето на овој вид алкохол повеќе предизвикува чувство на агресија од другите пијачки“.

Самиот алкохол – во науката познат како етанол – е хемиски идентичен, без разлика во кој пијалок се наоѓа. Но, професорот Белис тврди дека начинот на кој се пие, во комбинација со концентрацијата на алкохол, е делумно одговорен за различните емоционални реакции.

„Жестоките пијалоци обично се пијат побрзо и имаат многу поголема концентрација на алкохол во себе. Тоа може да резултира со побрз стимулативен ефект како што се зголемува нивото на алкохол во крвта. Исто така, можат да се консумираат во различни социјални прилики, така што луѓето можат да ги пијат намерно, за побрзо да се опијат, додека другите видови на алкохолни пијалоци се консумираат побавно или со храна“, вели тој.

„Како што луѓето добиваат удар од наглото зголемување на нивото на алкохол во крвта, се намалува способноста на мозокот да ги анулира импулсивните чувства или да ги перцепира последиците од дејството“, вели Белис и потенцира: „Исто така, треба да се има на ум дека во пијалоците има и други состојки освен алкохолот. Иако тоа најмногу е во поглед на вкусот на пијалокот, премалку се анализира и зема во предвид какви други ефекти би можеле да имаат одредени пијалоци на човечкото расположение“.

Човечките предрасуди за пијалоците, исто така, играат улога. На пример, ако пијат црно вино за опуштање, веројатно ќе се чувствуваат опуштено, а ако пијат водка за забава, ќе се чувствуваат поенергично.