Тинејџерка го покани „Карпата“ на матурска забава – нема да верувате што направи тој


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двејн „Карпата“ Џонсон го имаше најдобриот одговор на поканата од една тинејџерка упатена до него за да ја придружува на матурската забава.

Во снимката која ја објави на Твитер, Кети Келзенберг од Минесота го покани „Карпата“ дали ќе сака да биде нејзин партнер на матурскиот бал, а неколку дена подоцна го доби одговорот и тоа додека беше на час, преку училишниот разглас.

„Сигурно се прашувате што прави Карпата на разглас? Па, праќам порака до една посебна млада дама, а нејзиното име е госпоѓица Кети Келзенберг“, се слушна гласот од славниот актер на разгласот, а тинејџерката не можеше да поверува што слуша.

Иако Двејн објасни зошто не може да ја придружува на матурската забава бидејќи ќе биде на Хаваи каде го снима својот нов филм, Jungle Cruis, тоа не го спречи за Кети да го приреди изненадувањето на нејзиниот живот. „Карпата“ го изнајми локалното кино за „Кети и нејзините 232 најблиски пријатели да можат да уживаат во посебна проекција на филмот Rampage“.

„И бесплатни пуканки, колачи и сокови за сите. Сето тоа на сметка на чичко Д.Џ.“, напиша на Инстаграм актерот, а неговите обожаватели го нарекоа легенда поради таквата постапка.

A post shared by therock (@therock) on

„Не можев да поверувам. Бев толку возбудена“, изјави тинејџерката за Pioneer Press. „Само размислувам за тоа дека ме забележал и дека знаеше која сум. Ми се допаѓа тоа што комуницира со фановите на толку добар начин. Издвојува од своето време во денот за да се поврзе со нив“, додаде таа.