Home Нобел ТикТок го надмина Гугл во посетеност во 2021 година – прогласен за најпопуларен интернет домен

ТикТок го надмина Гугл во посетеност во 2021 година – прогласен за најпопуларен интернет домен

Според статистичките податоци од истражувањето на американската технолошка компанија Cloudflare, платформата за споделување кратки видеа ТикТок е најпосетуваниот интернет домен во 2021 година.

Популарниот сервис го надмина дури и Гугл, кој беше лидер во интернет сообраќајот во претходните години.

На листата на најпосетувани домени во изминатата година се најдоа и Фејсбук, Мајрософт и Епл.

Меѓу првите десет се сајтови и апликации како Амазон, Нетфликс, Јутјуб, Твитер и Ватсап.

ТикТок првично го презеде водството на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден е пред Гугл во однос на посетите.

Апликацијата ТикТок летово забележа над три милијарди преземања, нешто во што досега успеа само Фејсбук.

Load More Related Articles
Load More In Нобел
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…