Тетовскиот градоначалник Касами на билборд го објави долгот кој го наследи од претходната градоначалничка Арифи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наместо елка и лампиони, Тетово за Нова година од општината доби билборд на кој го пишува општинскиот долг наследен од претходната градоначалничка Теута Арифи. Според сегашниот градоначалник Билал Касами, Општина Тетово должи вкупно 24 милиони евра.

Касами вели дека Општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра. Тој најави и ревизија на долгот што го наследи од градоначалничката Арифи.