Тешките почетоци на патувачката блогерка: „Морав да работам по 110 часа неделно“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


24-годишната Литванка Каролина Валеикаите и нејзиниот дечко Марко Копола (26) од Италија се запознаа во еден ресторан во Лондон пред неколку години, а сега „бесплатно“ патуваат по светот посетувајќи разни атрактивни и егзотични места.

Парот своето патешествие го започна со цел да направат двомесечна прошетка по Мароко и југоисточна Азија, со ранците на своите грбови, но сето тоа се претвори во патување од осум месеци.

„После живеењето во Лондон, почувствував дека сакам да искусам нешто повеќе. Почувствував дека уште го немам пронајдено својот дом“, вели Каролина за Business Insider. 24-годишната девојка, инаку по потекло од Литванија, студираше фотографија на лондонскиот универзитет Middlesex, што беше од голема помош за неа во документирањето на своите патувања.

За време на патувањата парот остана во Камбоџа подолго отколку што планираа и најдоа работа како водичи во еден ресорт. Откако направија профили на Инстаграм со фотографии од своите патувања, интересот на луксузните брендови за нив почна да расте и денес тие бесплатно престојуваат во хотели со пет ѕвезди.

Благодарение на околу 130.000 пријатели и следбеници на Инстаграм, почнаа да им се јавуваат и спонзори, кои практично им даваат плата за да патуваат. И додека парот пронајде начин како да заработува пари додека го истражуваат светот, одредени материјални нешта и навики мораа да ги остават зад себе.

„Претходно собирав сè и сешто, патувањата ме научија да бидам среќна со минимум“, вели блогерката од Lorinda’s World: Освен тоа, вели дека напорно работела за целиот тој бизнис да го доведе до тој степен. „Четири месеци штедев за патување, буквално од нула. Работев четири работни позиции и посветено штедев. Понекогаш работев и по 110 часа неделно“, вели блогерката.

„Беше пеколно, но апсолутно вредеше. Јадев само на работа, немав слободен ден и не трошев пари на ништо, освен за кирија. Откако почнав да изнајмувам соба, често спиев и кај пријателите на кауч“, додава таа.