Куртоа продолжува да го бојкотира Челзи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Челзи, Тибо Куртоа не се појави на тренингот на „сините“ втор ден по ред, пренесува „Скај Спорт“.

Како и вчера, така и денес причината за отсуството на Куртоа од тренинзите е неговата желба да го напушти Челзи во овој трансфер периоден рок.

Меѓутоа, неговиот трансфер воопшто не е лесен бидејќи трансферниот прозорец во Англија се затвара во четврток, а „сините“ се уште немаат најдено соодветна замена.

Куртоа сака трансфер во Мадрид и не се откажува од својата идеја, а Челзи е во потрага по нов голман. Фаворит за негова замена е Џек Батланд од Стоук, со оглед на фактот што Јан Облак изгледа како невозможна мисија.