Home Вебкафе Терминаторите од Путин: Русите ја тестираа новата униформа отпорна на куршуми

Терминаторите од Путин: Русите ја тестираа новата униформа отпорна на куршуми

Руските инженерски единици го тестираа новото „оружје“ за руските војници – воена униформа отпорна на куршуми.

Вежбата беше прикажана на видеоснимка, а ја изведоа во руската област Владимир и на неа ги демонстрираа способностите од третата генерација на воените униформи OVR-3SH.

Опремата се состои од заштитно одело, елек отпорен на куршуми и шлем кој е дизајниран да ги штити припадниците на единицата од напад на проектили со специјални сензори и камери.

Градите и грбот од војниците кои ја носат оваа униформа се заштитени со специјални плочи направени од челик, јак полиетилен и керамика. Исто така, направени се специјални додатоци за рамена, лакти и колена.

Униформата е опремена со камера и вграден систем за ладење, а тежи 10 килограми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…