Таткото открива: Еве зошто Донарума го одбра Милан!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според многумина еден од најталентираните голмани на светот, Џанлуиџи Донарума утре ќе наполни 18 години и ќе стане полнолетен.

Момчето кое на 16 години дебитораше на „Сан Сиро“ веќе има скоро 60 настапи за „росонерите“ и стана најмлад дебитант во историјата на италијанската репрезентација.

Милан сака по секоја цена да го задржи во своите редови, но голем број на европски гигнати се спремни да платат голема сума за да го добијат неговиот потпис.

Таткото на Донарума, Алфонсо за италијанските медиуми откри како Џиџо завршил во Милан и вели дека не можел да поверува кога му било кажано дека ќе дебитира на 16 години.

„Кога Џанлуиџи имаше 13-14 години, заинтересирани за него беа Наполи, Интер, Јувентус и Милан. Тој го одбра Милан за да биде заедно со неговиот брат Антонио, кој тогаш беше дел од младинскиот сектор. Исто така, Милан е неговиот омилен клуб уште од мали нозе“, открива Алфонсо.

„И јас сум голем фан на Милан, првиот мотор кога го купив го обоив во „црвено-црна“ боја, па не можев да бидам посреќен што мојот син го одбра токму Милан”, додава таткото и се присетува на неговото деби на „Сан Сиро“.

„Таа сабота добивме неочекуван повик. Ни се јави Џиџо и ни рече „Тато, мамо, доаѓајте во Милано, утре ќе играм!“ Мислев дека се шегува со нас. Со 16 години во Серија А на Сан Сиро! Веднаш купивме билети и заминавме за Милано. Натпреварот беше многу емотивен за нас, јас не можев да ги сокријам солзите“, изјави Алфонсо Донарума.