Тајкунот се чалами: „Во викенд се сексаме со 30 жени, мојата сопруга го обожава тоа“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Траверс Бејнон, познат како Кендимен, тврди дека неговата жена го обожава фактот што го споделува својот сопруг со 30 жени.

„Ги сакам девојките и правам што сакам со моето тело“, вели 27-годишната Таеша за Daily Mail и со тоа ги потврди фалбите на својот славен сопруг.

Таеша живее во вила на австралискиот Златен брег заедно со Кендимен и неговите две постојани љубовници, 22-годишната Ниша и 21-годишната Кристал. Вилата е во сопственост на Кендимен.

Во викендите низ нивниот дом се претеруваат и до 30 други жени, кои доаѓаат на разузданите журки кои ги организира Кендимен, чие финале секогаш е во спалната соба. Озлогласениот 47-годишен „плејбој“, тврди дека таквиот начин на живот го поддржува и неговата сопруга Таеша која „го обожава неверојатниот сексуален живот“.

„Многу сме среќни. Оженет сум со таа жена осум години, а нашата врска во секоја смисла – љубовна, семејна и сексуална – е како штотуку да сме се запознале“, вели Кендимен.

„Преку викенд во нашиот дом има 30 жени, а тоа го обожава и мојата сопруга. Таа учествува во сè што правам со останатите девојки“, додава Кендимен, а Таеша го дополнува: „Сум се бакнувала со други жени и претходно и отсекогаш сум била љубопитна. Расчистив со љубомората. Трев и јас имаме силен брак и цврста врска, заедно минуваме многу време. Се чувствувам дека сум центар во неговиот живот“.