Вебкафе

Таа е новата Инстаграм ѕвезда

Нарнија е британска кратковлакнеста мачка која живее во Франција, а е родена со доста необичен изглед – едната нејзина половина од лицето е сива, а другата е црна.

Токму поради нејзиниот необичен и егзотичен изглед, таа стана вистинска Инстаграм ѕвезда каде стекна огромна популарност. Таму ја следат над 178.000 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?? AMAZING NARNIA Double Face (@amazingnarnia) on

Мачките со ваков изглед се нарекуваат мачки-химери, а оваа појава ја предизвикува редок феномен кој се случува за време на бременоста, при што се спојуваат два ембриони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?? AMAZING NARNIA Double Face (@amazingnarnia) on

Нарнија денес има две години, а нејзината сопственичка Стефани Хименез вели дека таа е вистинско мало чудо.

„Ми го освои срцето уште кога прв пат ја видов“, раскажува Стефани.

Нејзината необичност го воодушеви и фотографот Жан-Мишел Лабат, кој почна да ја фотографира Нарнија уште кога беше мало маче.

Advertisements
To Top