Home Актуелно Овој пат на сигурно: Меркел на стол ја пречека данската премиерка

Овој пат на сигурно: Меркел на стол ја пречека данската премиерка

После трите непријатни и критични ситуации во еден месец, кога за време на официјален пречек на странски политичари почнуваше неконтролирано да се треси, Ангела Меркел заедно со данската премиерка Мете Фредериксен седеа при интонирањето на химните на двете земји на церемонија во Берлин.

Меркел изгледаше во добра состојба додека седеше покрај Фредериксен пред своето седиште во Берлин, што е невообичаен протокол за вакви церемонии.

Таа и вчера беше снимена како се тресе на пречекот на финскиот премиер Анти Рине и потоа повторно ја убедуваше јавноста дека е добро. Ова првпат ѝ се случи минатиот месец, кога стоеше покрај украинскиот претседател Зеленски.

-Сѐ уште испитуваме што се случи на пречекот на Зеленски и мора да живеам со тоа некое време, но ве уверувам дека сум добро и не мора да бидете загрижени за мене, изјави Меркел вчера.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…