Судска административка снимена како зема мито за средување на судски случај? (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На видеото кое го објави порталот „Досие“, според објаснувањето на содржината од снимката, наводно е фатена на дело вработена во скопски суд како зема мито со цел да среди за преиначување на судска пресуда и промена на пресудата.

Според порталот, жената која ги зема парите е вработена во одделот за стопански спорови, и од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6.500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне, односно да биде укината.

Семејството се согласило да и даде пари, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење, пишува порталот.