Home Шоубизнис Судот потврди: На Тони Цетински „му висат над глава“ 8 години затвор

Судот потврди: На Тони Цетински „му висат над глава“ 8 години затвор

Во јануари, оваа година, пулското обвинителство иницираше кривично обвинение против хрватскиот пејач Тони Цетински за сообраќајна несреќа со смртни последици. А сега и хрватскиот суд го потврди тоа обвинение, со што на Цетински му се заканува казна затвор во траење од 8 години.

Пејачот Тони Цетински е обвинет за сообраќајна несреќа со смртни последици во ноември 2017 година. Тој во стариот дел на градот Ровињ прегази човек , кој лежел во тесната уличка , при што загина 62 годишниот Ибрахим Кевљани.

На Цетински му се става на товар дека ги прекршил правилата за безбедност во сообраќајот и со преголема брзина возел низ Ровињ и предизвикал несреќа со смртни поседици.

Доколку со пресудата се докаже дека е виновен , според кривичниот закон на Хрватска , му се заканува затворска казна од 8 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Софија Буш во ретко интервју проговори за краткиот брак со Чад Мајкл Мареј

Софија Буш во подкастот „Call Her Daddy“ зборуваше за краткиот брак со Чад Мајкл Мареј од …