Home Вебкафе Милионер дава 300.000 долари за тој што сака да му биде зет за ќерка

Милионер дава 300.000 долари за тој што сака да му биде зет за ќерка

58-годишниот Арнон Ротдонг е милионер од Тајланд кој нуди вртоглаво висок мираз од 300.000 долари за оној кој сака да се ожени со неговата ќерка. И нема некои посебни услови за идниот зет – треба да е вреден, работлив, чесен и да ја сака и усреќува неговата ќерка.

Арнон сопственик на успешна плантажа за егзотични овошја наречени дуријани во тајландската провинција Чумпхон.

Неговата 26-годишна ќерка Карниста му помага да го води семејниот бизнис – а тој сега ветил парична награда за мажот ќе се одлучи да му биде зет. Зетот ќе ја добие и фармата со дуријани, најголемата во областа.

Иако традицијата во Тајланд налага младоженецот да даде мираз, Ротхонг изјавил дека е спремен да ја прекрши традицијата за да најде добар маж за својата ќерка.

„Сакам некој кој ќе се грижи за мојот бизнис и ќе го одржува. Не сакам некој кој ќе има супер диплома од бизнис или филозофија, туку упорен и работлив маж. Тоа е сè“ – изјавил тој.

Иако има и синови, Ротхонг се одлучил сè да му даде на зетот: „Штом се венчаат, ќе му го дадам целиот свој имот“.

Карниста зборува англиски и кинески, никогаш немала момче и во моментов ужива во вниманието со кој ја опсипуваат потенцијалните кандидати откако татко и јавно ја објави понудата пред целиот свет.

Изјави дека не е лута на својот татко, можеби „малку изненадена“, бидејќи за понудата дознала од пријател, а не од својот татко.

„Изненадена сум и сето ова ми е помалку смешно. Вистина е дека немам момче, но доколку веќе се мажам, нека биде тоа некој вреден, некој кој е добра личност кој ја сака својата фамилија“ – изјавила Карниста, која додала дека парите сака да ги троши на пластични операции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кралицата на гламурот се среќава со холивудската легенда: Ким Кардашијан со историските обетки на Елизабет Тејлор

Во светот каде што модата сè почесто ги надминува границите на обичното и навлегува во тер…