Home Спорт Суарез дефинитивно го пропушта финалето!

Суарез дефинитивно го пропушта финалето!

Суарез на натпреварот против Атлетико Мадрид во плуфиналето од Купот заработи црвен картон, а денес дисциплинската комисија му изрече два натпревари суспезија.

Тоа значи дека најдобриот стрелец на Барса дефинитивно ќе го пропушти финалето на Купот против Алавеш и првиот натпревар во тоа натпреварување следната сезона.

Барселона најави дека ќе ја обжали казната на Уругваецот, но тешко е да се поверува дека ќе му биде анулирана целата казна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…