Стравично излетување на Хорхе Лоренцо на тренингот пред ГП на Тајланд (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мото пилотот на тимот Дукати, Хорхе Лоренцо, за време на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Тајланд, доживеа стравично излетување од патеката по што беше транспортиран во болница за дополнителни испитувања и прегледи.

Лоренцо доби повреда на трката од претходниот круг на шампионатот, но сепак одлучи да даде сè од себе и да настапи оваа недела.

На остриот трет свиок од патеката „Чанг“ моторот на Лоренцо направи чуден звук, пилотот изгуби контрола и падна од мотоциклот. Шпанецот беше свесен по инцидентот, но му беше потребна носилка, за да ја напушти трасата. Неговиот мотор се подели на два дела по лизгањето на асфалтот.

Како резултат на несреќата, левиот зглоб на Хорхе и десниот глужд имаат голем оток, но нема фрактури. Од медицинскиот центар на тајландската патека изјавија дека може да го заврши остатокот од кругот, но Лоренцо посакал натамошни анализи в болница.

Во првиот тренинг Лоренцо го освои 17 место.