Стравичен пад на ски-скокачот Танде – ставен во индуцирана кома заради повредите (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


27-годишниот норвешки ски-скокач Даниел-Андре Танде доживеа стравичен пад на скокалницата во Планица, при лет со брзина од 94 км/час. После тоа беше итно пренесен во болница, каде е ставен во кома, а лекарите дијагностицирале скршеница на вратниот дел од ‘рбетот.

Танде се спушташе со брзина од 94 км/час, но за време на летот изгуби контрола над скиите и падна на глава на самиот почеток на слетувањето на Планица и се тркалаше сѐ до целта. Норвежанецот не се помрдна и беше во несвест, а останатите натпреварувачи во шок не можеа да гледаат што се случува.

Танде моментално е во индуцирана кома за да се намали можното оштетување на мозокот и ќе остане во ваква состобма барем до утре.

„Лекарот ни рече дека повредите не се опасни по живот, нема други повреди на коските освен ‘рбетот. Ќе го следиме кога ќе се разбуди“, изјави менаџерот Клас Бреде Братен.

Танде дојде во Планица во финалето на Светскиот куп како 11-ти во генералниот пласман, но сезоната за него заврши на ужасен начин.