Стјуардесите откриваат: „Ако правите нешто од ова – сигурно ќе ве исфрлат од авион“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Стјуардесите за Business Insider откриваат каков вид на однесување ќе наиде на нула толеранција во авионите, по што таквите патници или се исфрлани од авионот при првото слетување, или добиваат и трајна забрана за патување од авионските компании.

„Сите сакаме само да се качиме во авионот и да стигнеме на крајната дестинација. Не ни се потребни проблеми“, вели стјуардесата Анет Лонг која таа работа ја работи 16 години.

„Не е моја работа на патниците да им наметнувам некои работи, туку да им дадам до знаење дека постојат одредени нешта кои не се толерираат“, вели таа и додава дека конечната одлука за исфрлањето на некој патник ја има пилотот.

„Повеќето пилоти велат: Ако вие имате проблеми со патникот, и јас имам проблем со него. Па, не поддржуваат 100 насто“, тврди таа.

Следствено, ако сакате да останете во авионот и да стигнете на вашата дестинација, без евентуално попатно отстранување од истиот, еве што не смеете да правите.

1. Пијанство

„Ако забележиме дека сте влегле во авионот пијани, ќе ве замолиме веднаш да го напуштите. Не ни треба да почнете да изведувате лудории во воздух. Повеќето патници не го прават тоа, но моја работа е да внимавам на сите можни сценарија“.

A post shared by @LOVEEFLYING✈? (@loveeflying) on

2. Повраќање

„Денес постои нулта толеранција и за лицата кои се очигледно болни. На пример, нема да дозволиме во авионот да се качи патник со лошење и повраќање“, тврди една стјуардеса со 30-годишно искуств.

3. Агресија кон персоналот

„Непочитувањето на авионскиот персонал, било вербално или физички, не е прифатливо. Ако опцуете стјуардеса, тоа веднаш се смета за закана, па ако сте го направиле тоа при влегување во авионот, големи се шансите дека ќе треба да го почекате следниот лет за вашата дестинација“.

4. Физичко насилство или некој друг вид на непримерни форми на физички допири

„Ако има појава на непримерен физички контакт од било каков вид и било каде пред или за време на летот, ќе бидете принудени да го напуштите авионот. Но, таа одлука не ја донесувам јас, туку пилотот и главната стјуардеса. Тие одлучуваат дали ќе слета авионот и ќе го исфрли патникот од леталото“.

A post shared by @LOVEEFLYING✈? (@loveeflying) on

5. Отворање врата за време на летот

„Ако се обидете да ја отворите вратата од авионот за време на летот, патем кажано – што е невозможно да се направи, ќе бидете исфрлени од авионот на првиот аеродром. Луѓето знаеле да се обидат да го направат тоа мислејќи дека вратата може да се отвори“.