Славни

Стивен Хокинг имаше легија од фанови поради улогите во „The Simpsons“ и „Big Bang Theory“

Стивен Хокинг стана познат по своите научни трудови и истражувања од областа на физиката и космологијата, но најшироката јавност имаше прилика да го запознае и преку многу популарни телевизиски серии и емисии. Беше познат по тоа што немаше проблем да се пошегува на своја сметка.

„Збогум Стивен Хокинг, најинтелигентна ѕвездо во историјата на The Simpsons“, напиша извршниот продуцент на популарната анимирана серија, Мет Селман.

Хокинг имаше улога на гостувачки актер во The Simpsons во неколку епизоди во периодот од 1999 до 2010 година. Во епизодата They Saved Lisa’s Brain, угледиот авторитет патуваше во Спрингфилд за да им објасни на луѓето дека нивната идеја за утопија ќе пропадне.

Неколку пати се појави и во анимираното шоу за возрасни „Futurama“. Првото појавување беше во втората сезона, каде најголем дел од телото му „исчезна“, за во следната сеозина да биде прикажана само неговата глава. Беше во друштво на Ал Гор, а говореше за работата на темата за временски континуум.

Во легендарниот филм „Star Trek: The Next Generation“, од 1993 година, командантот Дата играше покер со холограмите од Хокинг, Алберт Ајнштајн и Исак Њутн.

Меѓу последните улоги му беше онаа во популарната серија Big Bang Theory во која глумеше во дури седум епизоди.

Иако неговиот лик се појави во епизоди од анимираната серија Family Guy, неговиот глас не беше емитуван и за него говореше Сет МекФарлан. Без него не поминаа ни сериите Doctor Who, Malcom in the Middle, Dexter’s Laboratory и Seinfeld.

За неговиот живот беше снимен и играниот филм The Theory of Everything, кој беше номиниран во категоријата за најдобра фотографија, а Хокинг го глумеше Еди Редмејн, кој доби Оскар за најдобра улога благодарение токму на таа улога.

Беше гостин во многу телевизиски емисии како Last Week Tonight with John Oliver, Late Night with Conan O’Brien, The Culture Show, Alien Planet и други.

To Top