Сте чуле за архијатрија: Вака архитектурата визуелно прикажува 16 вида ментални пореметувања


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако некому некогаш му паднало на ум да се запраша како тоа би изгледале визуелизирано менталните пореметувања, за полесен приказ и сфаќање на тоа што му се случува во главата на човек кој има некое такво пореметување, користењето на концептот за дводимензионален приказ на куќа (симболично прикажувајќи ја главата) е одличен начин за тоа, со што се навлегува во полето на архитектурата.

Федерико Бабина за таквите љубопитни глави го има срочено и тој одговор, а проектот е наречен Archiatric  (Архијатрија), преку кој визуелно прикажува 16 различни вида на ментални состојби како архитектонски дела. Дизајните се лесно апстрактни, но како приказ за некој кој живее со агонијата на некое ментално пореметување, се прилично прецизни и точни.

Бабина е познат понеговите дела инспирирани од архитектурата, користејќи уникатен геометриски стил кој презема јасни одредби од кубизмот. Неговите дела често се надреални, но често и со заднинска доза на хумор.

1.Анксиозност

2.Депресија

3.Несоница

4.Деменција

5.ОКН (Опсесивно-компулсивно нарушување)

6.Шизофренија

7.Алцхајмерова болест

8.Биполарност

9.Фобии

10.Аутизам

11.Параноја

12.Дисоцијативни пореметувања

13.Дислексија

14.Пореметување во навиките за јадење

15.Нарколепсија

16.Родово пореметување