Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Европската унија питката вода ни под разно не е општо човечко прави и гарантирано општествено добро на сите нејзини жители.
Одборот за заштита на човечката средина во рамки на Европскиот парламент во Стразбур, и покрај одобрувањето на амандманот кој промовира и гарантира пристап до питка вода, го одби барањето за признавање на водата како „заедничко и универзално добро и право“.
Европскиот парламентарен Одбор за заштита на околината го отфрли барањето на Right2Water, кое го потпишаа 1,6 милиони граѓани на ЕУ, и не ја призна питката вода како универзално човечко право.
И покрај протестите на радикалното лево крило, ако воопшто и постои такво во Европскиот парламент, како и застапникот на италијанското движење М5S (Movimento 5 Stelle), претставниците во Европарламентот попуштија пред лобирањето кое промовира „повеќекорисност или мултиутилност на водата“, што во превод на обичниот јазик значи „комерцијализирање на водата за пиење“.
За да ја оправдаат оваа одлука, во Стразбур категорично забранија во непосредна близина на изворите да има загадувачи, особено оние кои загадуваат со олово, перфлуоралкил (PFAS) и штетни бактерии. Од друга страна, Европјаните се поттикнуваат да пијат вода од чешми и да кажат „збогум“ на купечката вода, дури и во рестораните, со што се смета дека ќе се намали еколошкиот проблем со пластични шишиња, пренесува Europa Today.
На кратко, Европската унија ќе побара од своите членки систематски да ја обесхрабрат потрошувачката на купечка вода во шишиња и истовремено да го зголемат бројот на јавни чешми. Меѓутоа, проблемот со јавните чешми е што водата се пие или директно од нив, или од дланка. За да наполниш вода за носење од јавна чешма повторно ти треба шише (најчесто се користи пластично, поради практичноста и лесната амбалажа) или поголем канистер. Е тие не треба да бидат пластични, според декретот од ЕУ.
Французинот Мишел Дантин, кој ја поднесе верзијата на одобрениот предлог, изразува задоволство од „прагматичниот и реален одговор на иницијативата од Right2Water“. Одборот за заштита на околината тврди дека со овој акт „ќе се подобри квалитетот на водата и водоснабдувачката мрежа во Европа“. Оттаму тврдат и дека „новите граници за загадувачите ќе ги отстранат ризиците и ќе го ограничат нивното влијание на цената на водата“.
„Лобито за мултиутилност победи“, беше жешкиот коментар на италијанската застапничка Елеонора Еви (М5Ѕ), која застапува „остар курс“ за правата за пристап до вода и ги одбива „сите измени кои водата не ја признаваат за општо добро“.
Организацијата EPSU, која е промотор на иницијативата Right2Water, е разочарана од одлуката. Јан Вилем Гудриан, главен секретар на EPSU, изјави дека промоторите на иницијативата ќе продолжат да се борат до конечно одобрување на текстот на седницата од Европскиот парламент закажана во Стразбур помеѓу 22 и 25 октомври.