Малдини: Се уште сме далеку од Јувентус, но сме на вистинскиот пат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот и жива легенда на Милан, Паоло Малдини призна дека клубот не може да се споредува со Јувентус во моментов и пред „росонерите“ има долг пат.

Клубот се очекува да биде финансиски постабилен оваа сезона откако „Елиот Менаџмент“ ја презеде контролата, а целта е пласман во Топ 4 и обезбедување билет за Лига на шампиони.

„Ова е сериозен проект и сите ние сакаме да го вратиме Милан на највисоко ниво. Мораме да бидеме внимателни, има млади играчи кои се уште не се убедени во своите квалитети и треба да ја пронајдат својата самодоверба. Сите треба да работиме на тоа“, истакна Малдини.

„Да бидеме сериозни, се уште имаме долг пат пред нас. Сакаме да бидеме во топ 4 на Италија и да играме добро во Лигата на Европа. Проектот е многу важен, но се уште не можеме да го споредиме Милан со Јувентус во овој момент. Сепак, мислам дека сме на вистинскиот пат“, заклучи директорот на „росонерите“.