Средба во Москва на директорот на ЦИА и директорот на рускиот Совет за безбедност


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс денеска во Москва оствари средба со многу влијателниот директор на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за „руско-американските врски“.

За состанокот е издадено само кусо соопштение од рускиот Совет за безбедност, додека американската Амбасада во Москва не ја коментираше средбата.

Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција, кој според многумина е најискусниот дипломат на САД, не беше најавена, а рускиот совет за безбедност не откри други детали.

Средбата на двајцата високи функционери се одржува во време кога во руско-американските односи има големи контроверзии.

Западните земји воведоа санкции кон Русија по нејзината анексија на Крим во 2014 година.

Вашингтон ја обвинува Русија за серија хакерски напади и мешање во изборите во САД.

Москва, од друга страна, често ги обвинува САД и Западот дека се мешаат во нејзината внатрешна политика и вршат притисок врз руски новинари.

Руси и Американци се сретнаа во Женева на 30 септември за да го продолжат стратешкиот дијалог што Владимир Путин и Џо Бајден го започнаа на брегот на Женевското езеро во јуни.