Спонзорушите на маки: „Не сакам бесплатно да се сексам со оженети“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веб страната SeekingArrangement.com, која посредува за запознавање на богати мажи со млади и атрактивни жени на кои им плаќаат надомест за дружење, повеќе не се вика така. Сега се вика само Seeking.com.

Со измената на американскиот закон во април оваа година, сите страници се сметаат за одговорни за трговија со сексуални услуги и робови, дури и кога несвесно го олеснуваат тоа. Поради тоа, повеќе не можат да се најдат огласи за ескорт на Craiglist, а ни „лични“ огласи во Британија, каде проституцијата е легална.

На сајтот со ново име нема веќе спојување на богаташи и млади девојки, како некогаш. Денес тоа е само страница на која млади девојки се согласуваат на средби со постари мажи, наводно без никакви исплати и надоместоци. Во реалност, парите се разменуваат на лице место, на самиот состанок, најчесто во хотелите, каде спонзорушите и спонзорите не се запознаваат, туку прилично едноставно – се сексаат, пишува Vice.

„Оваа промена никаде не е толку очигледна како во Лондон. Една спонзоруша која се согласи да разговара со новинарската екипа под услов да остане анонимна, за тоа ги обвинува спонзорите. Повеќето од нив работат во Лондон, но не живеат таму, вели таа. Поради тоа, не можат да понудат постојани односи. Тие сакаат доверба која ја донесува односот меѓу спонзорот и спонзорушите, но самите не можат да се обврзат на таква врска и поради тоа се чувствуваме како ескорт дами“, вели таа за Vice.

Факт е дека мажите, како што вели таа, „сакаат ескорт, но не сакаат тоа да го нарекуваат така“, поради што спонзорскиот однос почнаа да го гледаат како извор на секс. Оние спонзори кои сакаат нешто повеќе се во проблеми, бидејќи девојките не сакаат емоционално да се посветат на таквите односи. На еден форум може да се најде жалопојка од еден спонзор кој е тажен бидејќи лондонските спонзоруши во најголем дел, всушност, се ескорт девојки кои било која форма на разговор ја сметаат за губење време.

„Повеќето спонзори сакаат да навратат кога можат. Девојките тоа можат да го прифатат или да побараат поконстантен муштерија“, тврди дена лондонска спонзоруша.

Спонзорите, пак, се жалаат на тоа дека девојките не им се појавуваат на договорените места и лажат за тоа во кој град живеат. Тврдат дека е сè поголем бројот на фраери кои ги возбудува фактот да им плаќаат за секс на тие девојки кои само сакаат да ги измамат, што им е најголем кошмар.

Најголема предрасуда за спонзорите во 2018 година е дека тие лесно даваат пари. Реалноста е токму спротивна, многу од нив девојките ги сметаат за разгалени дечишта со преголеми очекувања.

„Не сакам да се сексам со оженет бесплатно. Зошто тој да ужива во моето маче, а јас да не добијам ништо? Најчестите понуди се вечера и пијачка. И сама можам да си платам вечера, со пријателите можам да одам на пијачка. Тоа што фраер од 50 години плаќа за вечера не е ништо посебно“, вели една лондонска спонзоруша.

Цената која повеќето спонзори ја плаќаат за состанок со девојка се движи околу 350 фунти, а некои девојки успеваат да издејствуваат 500 фунти. Суми како 800 фунти за состанок се реткост, но повремено се случуваат и такви договори. Авансите и редовните месечни исплати, кои постоеја кога спонзорството не беше обичен бизнис како денес, се многу ретки. На Seeking.com се наоѓаат 26.000 спонзори од Лондон, но таму има само 7.000 девојки. Ако девојката не е исклучително убава, високата цена ги брка спонзорите кои сега бараат девојки околу Лондон со кои дружењето би ги чинело околу 200 фунти.

Сè повеќе спонзорите и девојките пробуваат нови тактики, како ловење богаташи во ресторани и барови.

„Клучно е да направите истражување пред да се впуштите во овој свет, особено кога станува збор за безбедноста. Никогаш немојте да ги ставате парите пред благосостојбата и здравјето. Мислам дека девојките се принудени на ваков живот поради околностите во животот, па повеќе се фокусираат на парите отколку на сигурноста“, тврди друга лондонска спонзоруша.

Лондонските спонзоруши богаташи ловат во Mayfair, во ресторанот и бар Novikov, хотел барот Mandarin Oriental кој моментално не работи, во Long Bar и на други места. Некои се на Tinder, каде јасно нагласуваат дека очекуваат награда за дружењето или дека барат дарежлив и великодушен маж.

„Јас објавив фотографии од моето тело, но не и целото лице. Фраерите ми се јавуваат, ако се интересни, разменуваме броеви. Tinder е супер, брз е и создава можности за мажите кои не бараат активно спонзоруши“, вели една девојка.

„На Инстаграм го покажувам мојот живот, а привлекувањето на атрактивни девојки е попатен бонус. Тие девојки кои на профилите ставаат е-меил адреси за сериозни барања и податоци, ги избегнувам. Ако ме интересира некоја девојка, праќам приватна порака да го провери мојот профил“, вели еден спонзор.