Home Шоубизнис Почна продукцијата на третата сезона на „Мобленд“: се враќаат Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен

Почна продукцијата на третата сезона на „Мобленд“: се враќаат Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен

Том Харди во втората сезона на „Мобленд“

Емитувањето на втората сезона на „Мобленд“ штотуку заврши, а работата на третата веќе е во тек.

„Парамаунт“ соопшти дека започнала продукцијата на новата сезона, во која се враќаат Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен.

Третата сезона се подготвува во соработка со „Парамаунт телевизиски студија“ и „101 студиос“. Харди повторно ќе го игра Хари да Соуза, лојалниот човек задолжен за решавање на проблемите на криминалното семејство. Броснан и Мирен се враќаат како Конрад и Мејв Хариган, кои стојат на чело на семејството.

Пирс Броснан во „Мобленд“

Финалето на втората сезона веќе е достапно на „Парамаунт+“, заедно со сите претходни епизоди од првите две сезони, кои можат да се гледаат ширум светот.

Во втората сезона настапуваат и Педи Консидајн, Џоан Фрогат, Лара Пулвер, Ансон Бун, Мандип Дилон, Џасмин Џобсон, Теди Ален, Емет Џ. Скенлан, Џони Флин, Офелија Ловибонд, Џенет Мектир и Тоби Џонс.

Официјалната потврда за враќањето на Харди ги израдува обожавателите, кои се прашуваа дали тој ќе остане во серијата. Неизвесноста се појави откако претходно годинава излегоа информации за наводни тензии зад камерите меѓу него и дел од актерите, екипата и продуцентите.

Броснан во меѓувреме се осврна на гласините, велејќи дека сака да работи со актерот од „Подемот на мрачниот витез“ и дека е „огромен обожавател на неговата работа“. Пофалби за Харди упати и Хелен Мирен.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Меколи Калкин преговара за враќање во „Сам дома“, Сет Роген ќе го пишува сценариото

Меколи Калкин би можел повторно да се најде во „Сам дома“. Според повеќе медиуми, 46-годиш…