Сите светски медиуми пишуваат за овој Србин, а неговата приказна е неверојатна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако британски Daily Mail на својата Фејсбук страна го сподели видеото на кое еден маж од Ниш спасува куче кое паднало во река, снимката стана вирален хит. Иако истата не е нова, туку е направена во јануари 2015 година, дури сега доби публицитет и светско внимание.

Јунакот од видеото се вика Саша Пешиќ, од Ниш, познат љубител на животни кој има организирано многу акции за помош на животните. Кога го видел кученцето заробено на отсечено парче земја во Нишава, ни секунда не размислувал за спасувачкиот потфат.

Саша, инаку, се грижи за 450 кучиња во азил кои се стерилизирани, вакцинирани и чипирани откако биле најдени по улиците на Ниш. Има иницирано и петиција кога било наредено иселување на прифатилиштето за кучиња скитници. На крајот, неговата петиција во само еден ден доби поддршка од 40.000 потписници.

Минатата година N1 ја пренесе веста дека бројот на кучиња во прифатилиштето од Саша се искачил на 800.

„Со кучињата се работи нон-стоп. Кучињата кои се малтретирани по улиците, по одредено време повторно се социјализираат, некои за еден месец, некои за три или пет месеци, зависно од тортурата низ која минале. Кучињата кои биле слаби и повредени, се излечени и убаво нахранети“, вели Саша за неговото огромно кучешко семејство.