Home Вебкафе Специјално издание: Престолот за папата во Скопје направен од 120 години стар орев

Специјално издание: Престолот за папата во Скопје направен од 120 години стар орев

Папскиот стол на која ќе седе папата Франциск додека е на посета во Скопје, специјално за таа намена го изработија во скопската работилница „Монозеро“ чиј сопственик е Дарко Христов, пренесува Телма.

Овој престол го симболизира светиот стол, на која седи поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан. За време на државни посетите на папата, земјата домаќин ја има обврската да обезбеди стол која ќе го замени светиот престол на папата, но по строги правила и целосна контрола директно од протоколот на Ватикан и Католичката црква. Усогласувањето на дизајнот на столчето, открива Дарко, траело повеќе од самата изработка на столчето.

Изборот на материјалот го направил лично Дарко – орев стар меѓу 120 -130 години од охридскиот регион.

За посетата на папата Франциск нарачани се и изработени се две идентични столчиња поради неможноста доколку е едно, тоа да се транспортира од едно на друг место на денот на посетата. Едното од нив ќе биде поставено на Плоштадот Македонија, каде папата ќе ја одржи мисата. По завршувањето на посетата на папата Франциск, столчето ќе остане во сопственост на Католичката црква во Скопје, каде што ќе биде изложено.

Целиот прилог можете на видео да го погледнете на Telma.com.mk

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Донатела Версаче: Нова ера за модната куќа Версаче по 28 години

“`html Модната куќа Версаче започнува ново поглавје по заминувањето на Донатела Верс…