СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Историската посета на папата Франциск во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, изутринава пристигна на аеродромот во Скопје со што ја почна историската Апостолска посета на Македонија. Повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство се очекуваат денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје да ја проследат историската посета на поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата на аеродромот беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, но и на традиционален македонски начин, со леб и сол. Во делегацијата што го пречека светиот отец беа и вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

По церемонијата на пречекот, понтифот се упати кон претседателската вила Водно каде што ќе се одржат официјалнитре средби, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Папата потоа ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.

На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија на која се очекува да присуствуваат повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство. По литургијата папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Поради посетата на папата во Скопје денеска има посебен безбедносен и сообраќаен режим.