Совети за тазе родители: Како да се наспиете кога имате мало бебе?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новите родители не сакаат да го испуштат од вид своето бебе ниту секунда. Дури и доколку бебето спие без поголеми вознемирувања во текот на целата ноќ мајките и татковците држат стража и проверуваат дали се е во ред. По многу непроспиени ноќи, доаѓа моментот кога родителите помислуваат дека не можат веќе и дека им треба сон.

Поделете ги работите и обврските

На мајките им се советува во првите денови и недели по доаѓањето од болница да спијат, кога спие и нивното бебе. Но тоа не е баш наједноставно ако имате многу обврски. Томку порад тоа поделбата на работите меѓу партнерите е клучна со мало бебе во домот.

Туширајте се со студена вода

Претераното земање кофеин во форма на кафе или други енергетски пијалаци е маѓепсан круг. Без него ни изгледа дека не можеме да се разбудиме, а поради големите испиени количини нема да можеме да заспиеме. Токму поради тоа е добро да се ограничи внесот на пијалаци со кофеин, а тоа особено им се препорачува на мајките кои дојат. Доколку наутро или во текот на денот сакате да се разбудите без помош на овој стимуланс, ќе ви помогне лесно растегнување, заминување на свеж воздух, но и туширање со студена или млака вода.

Почитувајте го истиот распоред

Родителите подобро ќе се наспијат ако без поголеми проблеми спие и нивното бебе. Децата од најмала возраст треба да ги учиме на распоред, односно што е можно повеќе да се држиме до времето на хранење, спиење, капење, играње и слично. На тој начин бебето ќе чувствува замор во сличен период од денот и полесно ќе потоне во сон.

Не станувајте секогаш во текот на ноќта

Некои експерти нагласуваат дека бебињата меѓу четвртиот и шестиот месец имаат способност за непрекинат сон од шест до осум часа, што значи дека се способни да ја преспијат ноќта без дополнителна помош. Затоа не е потребно да се станува од кревет на првиот звук на мрдање во креветчето.

Опуштете се

Студиите покажале дека децата од најраната возраст можат да ја почувствуваат нервозата на своите родители и оти и самите стануваат немирни поради тоа. Немирното дете тешко може да се заспие и на крајот родителите остануваат цела ноќ, обидувајќи се да го смират. Затоа е потребно родителите да се отпуштат најдобро што можат.