Со жежок засек до колкови на премиерата од „Lion King“ – Бијонсе нешто здебелена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од најголемите и планетарно најпопуларни музички и шоубизнис ѕвезди на денешницата, фамозната Бијонсе, во друштво на сопругот Џеј Зи присуствуваше на премиерата на филмот „Lion King“ во Лондон.

Иако на лондонската премиера на филмот присуствуваше елитата на западниот шоубизнис и светскиот џет-сет, 37-годишната Бијонсе и 49-годишнио Џеј Зи привлекоа најголемо внимание.

И тоа не само поради фустанот на пејачката туку затоа што тие околу себе имале многубројно обезбедување, а малку кој на овој настан го имал.

Нејзиниот фустан од предната страна изгледал совршено. Но, со мало свртување во страна од страна на Бијонсе, истиот откривал отфазла гола кожа со опасно високиот засек до колкови, а под него не се гледало присуство на никаква долна облека.

Евидентен беше и фактот дека Бијонсе нафрлила и некој килограм отфазла на себе. Сепак, Бијонсе си е Бијонсе. Па дури и со вишок килограми.