Со тужба бара милионско обештетување од Франција – му го скратиле правото да владее со Монако


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аристократот Луј Жан Рејмонд Мари де Винсен де Кузанс излезе во јавност со тврдење дека неговото аристократско семејство било легалниот владетел кој требало да го заземе престолот на кнежевството Монако, но дека Франција со фалсификат му го скратила тоа право на владеење.

Според Де Кузанс, вмешувањето на Французите во правилата на наследство и фалсификување на истите од нивна страна, тие презеле контрола над Монако и го поставиле аристократското семејство Грималди да владее со кнежевството. Поради тоа, тој ќе ја тужи Франција.

Луј тврди дека тужбата не е насочена кон сегашниот владетел со Монако, неговиот роднина принцот Алберт, туку против државата Франција. Како обештетување тој бара 401 милион долари.

„Сакам конечно да излезе вистината на виделина и да се исправи кардиналната неправдата која му беше нанесена на моето семејство. Мојот роднина Алберт е на власт со измама, а Франција со фалсификување најде начин како да завладее со Монако”.

Принцот Луј II, кој со Монако владееле од 1922 до 1949 немал наследник, објаснува Де Кузанс, па легално се појавила можност кнежевскиот престолот да го наследи германски аристократ. Тоа Франција едноставно не можела да си го дозволи. За Французите тоа било неприфатлива опција – друго аристократско семејство да го наследи престолот.

Поради тоа, Луј II ја посвоил ќерката на својата љубовница, која била кабаретска пејачка и прабаба на сегашниот владетел, принцот Алберт. Во 1911 бил донесен и закон со кој се признава ова посвојување. Но, истиот се косел со принципите и правилата за наследство, па поради тоа бил прогласен за неважечки.

Сепак, во 1918 година повторно се носи друг, нов закон, со кој се легализира посвојувањето вонбрачно дете. Тогаш Франција и Монако потпишале договор со кој Париз е тој што ги одобрува сите идни владетели на Монако. Со тоа му се дала владејачка аристократска моќ на дете кое нема врска со монархијата и не е со чиста аристократска крв.

Де Кузанс тврди дека на овој начин се направило фалсификување на наследното право со што нему, со измама, му се скратила можноста да владее со Монако.