Хорор сцени во Џенова: Се урна автопатен мост – најмалку десет мртви


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според изјавата на шефот на спасувачкиот центар кој интервенираше после несреќата, при уривањето на мостот на автопатот А10 во Џенова има десетици жртви.

Италијанските медиуми, повикувајќи се пак на информации од министерството за внатрешни работи, говорат за најмалку 11 загинати лица. Четири сериозно повредени лица веќе со хеликоптери се пренесени во болници.

Претходно, противпожарна служба веќе објави дека автомобили и камионите паднале во бездната кога се распаднал долг дел од вијадуктот Моранди, кој е дел од автопатот А10. Очевидци за италијанските медиуми изјавија дека станувало збор за најмалку 8 до 10 возила и сцената ја опишуваат како апокалиптична.

Уривањето на мостот над реката Полчевере се случило кратко пред 12 часот на пладне. Причините за колапсот сè уште не се познати. Спасувачки екипи итно беа упатени на местото на несреќата и потрагата по преживеани е во пол ек.

Вијадуктот Моранди е изграден во 60-те години од минатиот век, а реконструкција на мостот била направена во 2016 година.