Шилегов најави: Самсоненко си заминува од Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека сепак на крајот Сергеј Самсоненко ќе престане да инвестира во фудбалскиот тим на Вардар.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и откри на јавноста дека од Вардар го известиле дека Сергеј Самсоненко престанува да инвестира во ФК Вардар.

„Фудбалскиот клуб ‘Вардар‘ е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека веројатно во идниот период ќе се откажат од таа работа. Официјално кога ќе седнеме да разговараме, јавноста ќе биде известена“, изјави Шилегов.

Самсоненко во Вардар пристигна во 2014 година, а под негово водство клубот минатата година оствари историски успех и се пласираше во групната фаза во второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа.

Ќе потсетиме, Самсоненко веќе го распути женскиот моќен тим, а во иднина ќе остане само со машкиот ракометен клуб, но со значително намален буџет во однос на претходните години.

Во моментот кога Самсоненко и официјално ќе се откаже од ФК Вардар, клубот ќе се врати во сопственост на „Град Скопје“.