Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Unique Puncture-proof Tire System (UPTIS)“ се револуционерни гуми за патнички автомобили од познатиот производител на гуми Мишелин, кои се отпорни на дупнување. Гумите својата премиера ја имаа на јавните патишта во склоп на изложбата „IAA Mobility“ во Минхен.
Мишелин пред неколку години започна сериско производство на гумите без воздух „X Tweel“ кои досега се користеа на кочички за трева и други земјоделски возила кои се движат со помала брзина, затоа што при поголеми брзини овие гуми се премногу бучни поради вибрациите кои ги создаваат.
Во меѓувреме, Мишелин се здружи со Џенерал Моторс за да започне тестирање на „UPTIS“ гумите кои неможат да се дупнат а се наменети за патнички автомобили.
Мишелин својата револуционерна автомобилска гума без воздух „UPTIS“ ја тестираше за прв пат на јавните патишта на оваа изложба во Минхен.
За тие потреби гумите „UPTIS“ се поставени на „Mini Electric“ и е направено првото возење во јасност.