Со наука стана мисица: Биохемијата ѝ донесе титула на избор за убавина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


24-годишната биохемичарка Камил Шрир стана Мис на Вирџинија благодарение на експериментите што ги правеше за време на изборот за убавина.

Иако повеќето мислат дека на изборот за Мис е најважна убавината и гламурот Камил Шрир докажа дека се потребни и други квалитети и знаења. за разлика од останатите кандидатки , кои главно пееле и играле , Камил подготви за публиката научен експеримент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Virginia (@missamericava) on

Таа покажа каталитичко разградување на водороден пероксид , а добиената пена , наречена ,,слонова паста” , почна да излегува како експлозија , со што ги воодушеви судиите.

,,Организацијата до сега главно се среќаваше со фантастични танчерки и талентирани пејачки на сцената , па беше ризично да се претстави научен експеримент , што е сосема поинаку од кога и да било. “ , открива Камил , која во септември ќе се натпреварува за круната на Мис Америка.