Home Актуелно Нова линија на „Визер“: Од 6 јули стартува релацијата Охрид-Дортмунд

Нова линија на „Визер“: Од 6 јули стартува релацијата Охрид-Дортмунд

Од 6 јули оваа сабота, во рамки на новата понуда на нискобуџетниот авиопревозник „Визер“, во оптек се пушта линијата Охрид-Дортмунд.

На новата релација „Визер“ ќе лета двапати неделно, секој вторник и сабота. Таа е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот „Св. Апостол Апавел“ во Охрид предвидени со Договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.

Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави. На македонските рути авипревозникот лани превезе 1,4 милиони патници, што претставува раст од 15 проценти годишно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…