Со импресивна глетка на Прага: Хотел кој секој може да го изнајми цел само за себе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во овој хотел во Прага дефинитивно нема да ви смета бучавата од другите соби, ниту пак ќе се судрите со другите гости во ходникот. Едноставно тоа теоретски е невозможно со оглед на тоа дека хотелот има само една соба.

Сите оние, кои сакаат апсолутна дискреција, од денеска на неа во целост можат да сметаат во хотелот Tower Park Praha, кој во мир и тишина нуди неверојатно панорамски поглед на градот.

„Градот со илјада кули“ ви е ставен како на послужавник од хотелската соба, сместена на 60 метри висина и на гостите им нуди поглед од птичја перспектива.

Но, како воопшто настанал хотел со една соба? При реконструкцијата на огромната телевизиска кула, некој се досетил дека не би било лошо кулата, освен за емитирање сигнали да послужи за уште нешто, па така некаде во средина направен е и луксузен апартман, кој на гостите им нуди неверојатно искуство.