Бидете безгрижни со MyKi™, додека вашето дете го истражува светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не постои родител којшто не би сакал да му подари апсолутна независност на своето дете, но од друга страна пак, секој родител посакува и максимална безбедност за своето дете. Но дали е воопшто возможно овие две нешта да бидат во една иста комбинација? Со детскиот часовник MyKi™, како и мобилната апликација MyKi™ Watch, тоа е веќе и возможно!

Производот што на сите родители им нуди поголема безбедност за нивните најмили од неодамна е достапен и во Македонија, единствено во продажната мрежа на Vip.

Дали ви се случува да си го поставите прашањето – дали е Вашето дете на училиште или можеби игра на најблиското игралиште, или пак дали е блиску до вашиот дом или е сепак и повеќе оддалечено од местото на коешто ви кажало дека ќе биде?

Всушност, без многу размислување ние сме речиси сигурни дека не постои родител којшто не си поставил барем едно од овие прашања, а тоа веруваме дека не се случува ретко, особено не во денешно време.

Одредете ваша безбедна зона

Часовникот MyKi™ во комбинација со мобилната апликација MyKi™ Watch претставува совршено решение за секој родител којшто би сакал да го израдува своето дете со одличен и шик детски часовник, на којшто секое дете многу лесно може да види колку е часот, а од друга страна пак, на родителот ќе му овозможи максимална безгрижност, бидејќи токму благодарение на MyKi™, тој може да биде во постојан контакт со своето дете и да знае во секој момент точно каде се наоѓа тоа.


Притоа, со одлична точност до 10 метри за отворени простори, овој часовник на секоја минута ќе ви даде информација за локацијата на Вашето дете. Од друга страна пак, ќе добиете и автоматска информација веднаш штом детето ја напушти безбедната зона којашто сте ја определиле Вие.

Во секој момент – точна локација и воспоставување на телефонски повик

Уникатниот часовник MyKi™ е производ којшто е развиен во Република Бугарија, и истиот е опремен со GPS приемник, но истовремено поседува и слот за SIM картичка, благодарение на што може да служи и како мобилен телефон на Вашето дете.

Следењето пак на движењата може да се прави од паметен телефон, таблет или пак од компјутер. Преку апликацијата MyKi™ Watch, во секое време може да следите каде се наоѓа Вашето дете, при што локацијата се ажурира на секои 5 секунди.

SOS копче за брзо повикување


Но освен сето ова, детскиот часовник MyKi™ доаѓа и со уште цела низа од корисни опции, како што е SOS копчето, коешто ако детето го притисне, во истиот момент на родителот му се испраќа порака со точните координати од моменталната позиција. Исто така, може да се направи и ограничување за детето да може од својот MyKi™ часовник да се јавува само кон одредени броеви коишто самиот родител може да ги одреди. Тоа значи дека со часовникот MyKi™ Вашето дете е заштитено од неовластени дојдовни и појдовни повици.

А освен безбедносните предности коишто ги донесува овој часовник, тој ќе ви даде информација и за потрошените калории и изминатиот број на чекори коишто ги направило Вашето дете, такашто за секој ден ќе може да имате еден увид во тоа колку било активно вашето дете. Секако, сите овие информации за некој можеби и ќе изгледаат претерани, но за сите оние коишто се веќе во улогата на родители, сето ова е и повеќе од кориснo и звучи сосема нормално и логично. Впрочем, овие информации би биле и повеќе од добредојдени!


Од друга страна пак, за да бидете сосема сигурни дека вашето дете го носи часовникот, тимот којшто го изработил се погрижил и за оние ситуации во коишто часовникот би бил изваден, а за кои Вие веднаш би добиле известување за опасност. Тоа значи дека благодарение на вградениот сензор за допир, во секој момент би знаеле дали вашето дете го носи часовникот или не.

Функции на апликацијата

Како што веќе напоменавме, главната карактеристика на апликацијата MyKi™ Watch e да ве информира за локацијата на вашето дете, секогаш кога не сте заедно. А уште една корисна можност е делот “Историја на локацијата”, во којшто имате увид во движењето на детето во текот на целиот ден, а податоците се чуваат во период од 30 дена, при што се зачувува историјата на локациите и движењата на часовникот, односно на вашето дете.

Уште една корисна опција која што ја нуди оваа апликација е можноста за следење на брзината на движење на Вашето дете, за што исто така може да одредите максимална дозволена брзина на движење, а во случај таа да биде надмината, исто така ќе добиете известување.

Апликацијата е потполно бесплатна и може да се преземе од Google Play за Android корисниците или од App Store за iOS корисниците.

Прекрасен и корисен


Токму за потребите на децата, MyKi™ е изработен во три бои, а за да се обезбеди долготрајно носење, часовникот е направен од материјал којшто е комплетно безопасен за децата, самото ремче е изработено од мека гума, додека екранот е дополнително заштитен од гребење со гумен штитиник – во облик на насмевка.


Дополнителни спецификации

Димензиите на MyKi™ часовникот се 57x33x13 милиметри, при што тежината изнесува 40 грама, заедно со SIM картичката. Дијаметарот на ремчето пак изнесува од 13 до 18.5 сантиметри. Часовникот се испорачува со micro USB кабел за полнење, упатство за употреба и соодветна гаранција.


Па, дали сè уште размислувате дали да го набавите овој часовник? Поврзете се со Вашето дете во секое време – разговарајте, пишувајте, слушајте гласовни пораки од Вашето дете и гледајте каде се наоѓа. Лесно е со MyKi™!